ФИЛИПЧЕ: Гледам журки во повеќе градови. Барам итни истраги од надлежните!

Сподели

 

“Гледам фотографии на социјалните медиуми од журки и забави во повеќе градови без да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од Ковид-19. Барам итно надлежните институции, МВР и надлежните инспекторати да спроведат истраги и да ги санкционираат овие собирања на недозволен начин!

Младите мора во целост да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус, да се заштитат себе си и своите најблиски, да носат задолжително заштитни маски, да одржуваат хигиена и дистанца.

Клучно е сите да ги почитуваат мерките за да се спречи ширењето на вирусот и секое непочитување на мерките да биде соодветно санкционирано” – напиша министерот за здравство, Венко Филипче на својот официјален фб профил.