Филипче: Министерката за финансии да ги блокира буџетите за најавената паралелна Академија

Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање денес рече дека СДСМ го осудува етнизирањето на науката со најавената паралелна Академија на науките и ја повика министерката за финансии, доколку има најава за незаконско трошење на буџетите на општините да ги блокира.

-Најостро го осудуваме етнизирањето на науката, сметаме дека тоа не носи апсолутно никаков квалитет. Впрочем дополнителна фрагментација и дисперзија на некакви такви научни институции може само дополнително да го намали квалитетот на науката. Вистински институции во науката би значело на зголемување на парите во научно-истражувачката дејност, поради тоа што тоа е начинот на кој науката кај нас може да има некаков прогрес. Следствено на сето тоа, особено во нашето толкување и на законите на локалната самоуправа, не гледаме дека тоа финансирање општините што го најавија, Тетово, Гостивар, може воопшто да го прават. Затоа ја повикуваме минитерката за финансии доколку има најава за некакво незаконско трошење на буџетите, за нешто за што ќе немаат никаква основа, тие буџети и да ги блокира, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.