“По координацијата со членовите на Комисијата за заразни болести донесен е заклучок дека оваа сегашна важечка рестрикција на движењето после 22 часот треба да остане иста, дека нема да се надополнува и дека дефинитивните резултати ги очекуваме кон крајот на оваа недела, викендов, или почетокот на следната недела, дотогаш сме подготвени да ги изменаџираме сите други активности во однос на болниците,“ – изјави министерот за здравство Венко Филипче.