“Комисијата за заразни болести ќе ѝ предложи на Владата нови мерки за лична заштита на населението. Оваа комбинација на мерки, ќе овозможи порастоварено луѓето да се движат. Предлогот е полицискиот час да започнува во 19 часот наместо од 16, со што ќе се добијат часови за да си ги завршат обврските. За возрасните лица наместо од 10 до 12 часот, движењето да биде дозволено од 8 до 12 часот на пладне. Времето на младите ќе биде продолжено од 13 до 16 часот. Има предлог и полицискиот час за време на викенд да остане, но со скратено време, односно да започне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 5 часот наутро” – изјави министерот Филипче на денешната прес-конференција.