Филипче: Протоколот на аеродромите се по сите светски стандарди

Сподели

 

“Двата аеродроми во Скопје и Охрид ги отвораме од среда. Протоколот е направен по сите светски стандарди. Целосно се почитуваат принципите за дистанца, задолжително носење маска, а на многу места во зградата се поставени места за дезинфекција на рацете. Во зградата ќе може да влегуваат само патниците, со што значајно се намалува ризикот од гужва. Ова е одличен модел и големо олеснување во целиот процес што значи чекирање карта, багаж итн. Поставена е термална камера на влез од ТАВ, а ние ќе продолжиме по истиот систем на скрининг, како што почнавме пред повеќе месеци на патниците кои доаѓаат. И понатаму ќе функционира собата за изолација, доколку некој патник е со покачена температура” – изјави минитерот Филипче.