Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска на прес конференција во Владата на РСМ од здравствен апсект го образложи донесувањето на новите рестриктивни мерки, кои стапуваат на сила од утре. Нашата земја, регионот и Европа се соочуват со силен бран предзивикан од мутација на вирусот Ковид 19 која се разликува од мутациите во месец ноември. Филипче објасни дека разлика од тогаш и сега, освен на зголемување на бројот на позитивни случаи, лекувањето на пацинетите во бонички услови е многу подолго што дополнително прави притисок и врз болниците, и врз здравствените работници коишто се целосно мобилизирани и учествуваат во лекувањето на ковид пациенти.
-Во таа смисла досегашните мерки на некој начин ги стабилизираа бројките, не дозволија експоненциален раст во делот на хоспитализацијата. Пикот, се надевам дека нема да има измени, беше на 31 март, 1 април, 2 април сега нешто се намалува, сепак е огромна бројката на новодијагностицирани пациенти целиот овој изминат период, огромна бројката на хоспитализирани пациенти и сето тоа иако со намалена динамика се акумулира и создава огромен притисок во болниците. Сметаме дека празниците коишто доаѓаат може дополнително да ја комплицираат епидемиолошката ситуација и во таа смисла не сакаме да дозволиме, во продолжение на целиот тој период да се случи уште едно дополнително оптеретување на здравствениот систем. Нешто што веројатно тогаш тешко би можеле да го изменаџираме и во таа смисла се сите овие дополнителни рестриктивни мерки со цел епидемиолошката слика дополнително да стивне – изјави министерот.
Ваква е ситуацијата во многу земји од регионот кои се соочуваат со овој тежок бран. Така е во Србија, Црна Гора, така е во Бугарија, така е во многу земји од средна Европа. Здравствениот систем секојденвно се менаџира, обезбедени се дополнителни болнички капацитети во делот на болниците во Скопје и низ државата, секаде каде е потребно активирани се модуларните ковид одделенија. Министерот истакна дека иако има едно одредено намалување на инциденцата минатата недела, во однос на онаа претходно, но во голем дел од градовите ширум државата таа се уште е висока. Таква е состојбата во Куманово, Битола, Кичево и Тетово и тоа е генерално предизвик и ризик за целокупниот здравствен систем, имајќи го предвид вкупниот број на пациенти коишто се лечат ширум државата.
Министерот Филипче, појасни дека клиничката слика на болеста е многу различна од претходната, освен што е зголемен борјот на хпсотпализации исто така и лекувањето трае подолго време.
-Хоспитализацијата трае подолго, за разлика од претходниот бран кога во 14 ден на лекувањето пациентот во најголем бој од случаите се сметаше дека е веќе излечен и завршува болничкото лекување, сега имаме дури и кај помлади пациенти влошување во 12, 13, 14 ден од лекувањето на начин на една форма која навистина ретко се гледа со драстично влошување на сликата на белите дробови на крвта што многу често за жал завршува со лош исход и покрај сите вообичаени третмано на лекување и терапевски пристап – истакна Филипче.
Смртноста од болеста е висока секаде во регионот. Филипче појасни дека сите земји се соочуваат со исти предизвици. Повисока смртност од нас бележат четири земји од регионот, а тоа се Црна гора со починати 2078 граѓани на милион жители, Босна и Херцеговина со 2071 на милион, понатаму Бугарија со 1967 и Словенија со 1963 смртни исходи на милион жители. Кај нас според послените анализи почитати се 1891 пациети на еден милион жители.Во регионот само вчера во Грциja се регистрирани 78 смртни случаи, 82 во Бугарија. Филипче истакна дека сите земји се соочуваат со истите предизвици и голем број на новодијагностицирани случаи, и голем број на хоспитализации.
Во однос на вакцинацијата минситерот истакна дека истата непречено се одвива, како во здравствените домови низ државата, каде во тек е вакцинација на граѓани над 77 години, исто така и во А1СЦ Борис Трајковски, каде на 1 час се вакцинираат по 300 граѓани, а каде е планирано е дневно да се вакцинираат до 3000 граѓани. Од почетокот на вакцинацијата во нашата земја досега вакцинирани се 10.000 граѓани. Министерот Филипче, упати апел граѓаните да ги почитуваат овие нови мерки, бидејќи индивидуалната одговорност е исклучително битна.
-Само така бројките значајно ќе се намалат во следниот период и за пократко време ќе излеземе и од овој трет бран – рече Филипче.