“Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките, ковид центрите во Скопје”, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.
“Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје така и низ државата. Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа.
Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен”, изјави министерот.