Филипче: Состојбата и понатаму е сериозна и остануваме претпазливи

Сподели

 

Утрово министерот за здравство, Венко Филипче имаше редовна координација со директорите на ковид центрите во Скопје, на која се разгледуваше состојбата со хоспитализираните пациенти во викендов кој измина.

 

 

“Иако бројот на приеми во болниците пополека се намалува, како во Скопје така и низ ковид центрите во земјава, а со тоа се намалува и вкупниот број на хоспитализирани лица, состојбата и понатаму е сериозна и остануваме претпазливи. Во болниците има доволно слободни места, а подготвени сме да ослободиме и дополнителни капацитети доколку за тоа има потреба. Третиот бран на вирусот покрај поголемата трансмисивност, донесе и многу потешка клиничка слика и подолга хоспитализација. Затоа апелираме да се почитуваат мерките за заштита”, изјави министерот Филипче по средбата.