Филипче-Спасовски: Kомплетно се почитуваат препораките за справување со коронавирусот

Сподели

 

Денеска министерот за здравство Венко Филипче, заедно со премиерот Оливер Спасовски и заменикот министер за здравство Арменд Арслани го посетија граничниот премин Табановце, каде што направија увид на состојбите и изјавија дека комплетно се почитуваат насоките и препораките за справување со коронавирусот – состојбата на будност и подготвеност ќе трае и понатаму.

“Координацијата е одлична, благодарност на припадниците на Министерството за внатрешни работи, коишто одлично се справуваат со оваа ситуација. Целосно се почитува алгоритмот за справување со вакви случаи.

Единствената пациентка хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, неколку дена е без температура и полека влегува во постабилна фаза од болеста. Исто така, нема нови пациенти коишто во овој момент се тестираат за коронавирусот.”

“Исто така, новина е што во текот на вчерашниот ден стигнаа контролните резултати од лабораторијата во Германија со која соработуваме, кои ги потврдија сите наши тестови, сите негативни и позитивниот на пациентката, што е обврска како супервизија на работата на нашата лабораторија во рамки на Институтот за јавно здравје, потврда за точноста со која што се работат резултатите – додаде Филипче.

Воедно, набавката на дополнителна опрема е во тек, тоа е опремата со која би се дополниле нашите резерви. Во текот на вчерашниот ден, го потпишавме договорот за дезинфекциските средства и тие веќе од утре ќе бидат дистрибуирани со помош на локалната самоуправа во основните училишта, каде за тоа има потреба.” – изјави министерот за здравство Веко Филипче.

Новина е дека вчера стигнаа контролите од Германија, каде ги потврдиле сите негативни и позитивни тестови на коронавирусот, што е потврда за точноста на работата на лабораторијата во Институтот за јавно здравје. Нема нови пациенти кои се тестираат на присуство на коронавирусот, а заболената пациентка е во добра состојба. Набавката на дополнителната заштитна опрема е во тек, за да се надополнат нашите резерви. А дезинфекционите средства утре ќе се достават до основните училишта.”