Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека се намалува бројот на заразени во земјава, но препорачува граѓаните да ги почитуваат мерките.
Министерот за Канал 5 информираше дека утре ќе се разговара дали ќе има продолжување на полицискиот час и дали се создадени улови за одржување на изборите.
Министерот Филипче најави и тестирање на асимптоматските носители на вирусот, како што се вработени во градинките, во јавниот превоз, здравствени работници и други.