Филипче за ТВ 24: Границите ќе се отворат во средината на јуни

Сподели

 

Министерот за здравство Венко Филипче во отвореното студио на 24 анализа изјави дека отварањето на границите ќе биде на средината на јуни. Тој смета дека било каде може да се оди доколку се внимава на превентивните мерки. Се додека се одржува дистанца и се носат маски. Сите земји веќе ги имплементирале овие мерки, потенцираше Филипче.

„Направивме еден процес на соработка со Грција. Разменивме искуства како се одвиваше епидемијата, разменивме искуства за тоа каква е ситуацијата со бројот на пациенти. Во Србија има пораст на пациентите изминатите неколку денови. Во Босна и Херцеговина исто така. И сега ние мора да настапиме заеднички, координирано, затоа што има некои отворени прашања кои се многу важни. Прво, дали ќе се бараат тестовите тогаш кога ќе се отворат целосно границите. Понатаму, како ќе се поминуваат границите – каков ќе биде начинот и третман ако некој заболи. Со министерот за здравство на Грција разговаравме да се олесни практичното преминување на граничниот премин да нема долго чекање. Заради тоа што тие колони и излегувањето на патниците надвор од возилата во тие летни месеци е некаков ризик“, рече министерот Филипче.

 

 

https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/707499426676503/?t=304