ФИЛМАЈ 2024 – Фестивал на краток филм во Куманово

Сподели

ФИЛМАЈ 2024 ќе биде 6-то издание на фестивалот на краток филм кој се одржува во Куманово.

Фестивалот, започнат во 2019 година, е со идеја за поттикнување, поддршка и подобрување на создавањето на кратки филмови.

Исто така е со намера да начне и засили гледачка желба и насоченост кон уживање на краткиот филм.

Овогодишниот фестивал ќе ги прикаже наградените и селектирани филмови во две последователни вечери, на 29 и 30 мај 2024 (среда и четврток), во Големата сала на Занаетчиски дом – Куманово .