Филмот „Ослободување на Скопје“ награден на филмскиот фестивал BaNeFF

Сподели

Филмот „Ослободувањето на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија и неговиот син Данило освои специјална награда од жирито на филмскиот фестивал BaNeFF (Balkan New Festival).

Фестивалот се одржа од 16 до 19 февруари во Стокхолм, Шведска.

На фестивалот се прикажуваат филмови од регионот на Балканот и филмови кои третираат теми кои се актуелни во државите на Балканот.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац и Мико Ноусаинен.

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска.

„Ослободување на Скопје“ е македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје за 2016 година.