Финансова поднесе 3 кривични против физички и правни лица за даночно затајување

Сподели

 

Во изминатиoт период Управата за финансиска полиција во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, спроведе проверки во поголем број на правни субјекти, а во врска со спроведување на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 година и Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед бр. 41-3646/3 од 06.04.2023 година (Сл.Весник на РСМ, бр.74/23) донесени од Владата на Република Северна Македонија, во текот на кои проверки беа констатирани незаконитости во надлежност на Управата за финансиска полиција.

Како резултат на истото, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ од член 279 ст.2 и ст.3 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правните субјекти, во периодот од 01.01.2023 година до 25.04.2023 година, значителен дел од набавената трговска стока (прехрамбени производи) евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правните лица како кусок, при што не пресметале, не пријавиле и не платиле Данок на додадена вредност по даночна стапка од 5% во износ од 5.636.379 денари и Данок на личен доход во износ од 12.524.718 денари.

Со така преземените дејствија, пријавените предизвикале штета на Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 18.161.097 денари.

Управата за финансиска полиција јавно да изразува благодарност до сите поднесоци ќе бидат известени надлежните Јавни обвинителства.