ФОКУС: Управниот суд ја поништи лустрацијата на Јадранка Костова

Сподели

jadrankakk

Управниот суд го поништи решението на Комисијата за верификација на фактите за лустрација на новинарката Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“, пренесува Фокус

„Во правна ситуација кога оспорениот управен акт е поништен од судот, поништувањето делува наназад (ex tung) од донесувањето на актот, односно се поништуваат сите дејствија кои му претходеле на донесувањето на актот како и сите правни дејствија и последици предизвикани од тој акт“, се наведува во пресудата.

Решението за лустрација на Костова беше донесено на 26 март 2015 година. Неколку месеци подоцна, парламентарното мнозинство изгласа предвремено прекинување на процесот на лустрација. Конкретно, од 1 септември 2015 г. Комисијата нема мандат да поведува нови постапки.

Со оглед на тоа што решението на лустрациската за Костова е поништено, Управниот суд потенцира дека „секое наредно процесно дејствие преземено од Комисијата, а се однесува на тужителот (Јадранка Костова, н.з.) треба да се третира како нова постапка“, за кои лустраторите веќе немаат мандат.

Ваквата пресуда Управниот суд ја објаснува со фактот дека е прекршен членот 31 став 3 од законот, кој налага задолжително да биде известено лицето за кое се врши проверка, со што „му се овозможува активна улога во утврдување на сите факти и околности од важност за утврдување на материјалната вистина како основ и услов за правилна примена на материјалното право“.

Против оваа пресуда дозволена е жалба до Вишиот управен суд во рок од 15 дена од приемот.

Presuda Jadre

Решението за нејзина лустрација, Костова го коментираше „Како полициска местенка аџиевци ја претвораат во лустрациски материјал“.

http://fokus.mk/kako-politsiska-mestenka-adhievtsi-ja-pretvoraat-vo-lustratsiski-materijal/

Одлуката беше повод и за новинарски протести пред Комисијата за лустрација.

http://fokus.mk/galerija-protest-pred-komisijata-za-lustratsija/

Здружението на новинари излезе со став дека лустрирањето на Јадранка Костова е обид да се дефокусира јавноста од бомбите.

http://fokus.mk/znm-lustriran-eto-na-kostova-obid-da-se-defokusira-javnosta-od-bombite/

Според Хелсиншкиот комитет, пак, тоа е акт на политичка одмазда против критичарите на власта.

http://fokus.mk/helsinshki-komitet-lustriran-eto-na-kostova-e-akt-na-politichka-odmazda-protiv-kriticharite-na-vlasta/

Претставничката на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ оцени дека тоа има застрашувачки ефект врз слободата на медиумите.

http://fokus.mk/lustratsijata-na-jadranka-kostova-zastrashuvachki-efekt-vrz-slobodata-na-mediumite/

Во настап за емисијата 360 степени на ТВ Алсат, поранешниот член на Комисијата за лустрација, Чедо Дамјановски изјави дека претседателот на комисијата Томе Аџиев во 2011 г. бил против лустрацијата на Костова по истиот документ.

http://fokus.mk/damjanovski-vo-2011-godina-adhiev-beshe-protiv-lustratsija-na-novinarkata-kostova/

Линк од Извештајот за човекови права на Стејт Департмент за 2015 каде е регистрирана лустрацијата

http://www.state.gov/j/drl/rls/hrrpt/humanrightsreport/index.htm?year=2015&dlid=252873

fokus.mk