„Фолклорно-класична симбиоза“ Музичко-сценски спектакл на НОБ и НУ ТАНЕЦ

Сподели

 

„ФОЛКЛОРНО-КЛАСИЧНА СИМБИОЗА“, Музичко-сценски спектакл на НУ НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ и НУ ТАНЕЦ, 27.9.2023, 20:00 часот
Национална опера и балет
 
„ФОЛКЛОРНО-КЛАСИЧНА СИМБИОЗА“ е музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ Танец.
 
За првпат во историјата овие две национални установи, со повеќе од 130 учесници на сцената ќе прозвучат заедно во симфонизираните антологиски кореографии на ТАНЕЦ, „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“ и „Водарки“, како и во многу други македонски орски и вокални мелодии, обмислени во ново раскошно руво.
Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, во придружба на оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет.
Концертот е под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ.
Оркестрациите специјално за овој проект ги направи Дарко Илиевски.
 
 
ПРОГРАМА:
ОСОГОВКА
(Д. М. Алексов – Ѓ. Димчевски)
ВОДАРКИ
(Б. Велевски / Д. М. Алесков – Ѓ. Димчевски)
КАРАВЛАШКО ОРО
(К. Петровски – ар. Д. Илиевски)
ЧЕТВОРКА
(П. Атанасовски – ар. Д. Илиевски)
ПИПЕРКОВО ОРО
(Т. Огненовски – ар. Д. Илиевски)
МАЛЕШЕВКА
(Ј. Блажевски – С. Митев / В. Терзиски)
КОГА СЕ МАЖЕШЕ, ШТО ТИ СЕ ЧИНЕШЕ
(народна – ар. Д. Илиевски)
СВИТА ВО 12/8
(сплет народни песни – ар. Д. Илиевски)
ЖЕТВАРКА
(Д. М. Алексов – Ѓ. Димчевски)
АЈДЕ БОЛНО ЛЕЖИ МОЈТО ЛИБЕ
(народна – ар. Д. Илиевски)
ДРАЧЕВКА
(народно оро – ар. Д. Илиевски)
ПИРИНСКО ПРОЛЕТНО ЦВЕЌЕ
(С. Каранфилов – С. Костовски / К. Зифовски)
 
* Оркестрациите за Осоговка, Водарки, Малешевка, Жетварка и Пиринско пролетно цвеќе ги направи Дарко Илиевски.
Билети: Билетарница: 078 426 536 и 02 3118 451