Вести

„Форбс“ повторно ја прогласи Меркел за најмоќна жена

Сподели:

angela-merkel-the-times

Германската канцеларка Ангела Меркел шести пат по ред е на првото место на листата на најмоќни жени што ја објавува магазинот „Форбс“.

Листата од 2004 година се составува врз основа на „пари, медиумски интерес и влијание“.

На листата на највлијателни жени на светот има 100 жени од 29 земји, а меѓу нив има политичарки, бизнисменки, филантропи вклучувајќи 12 лидери на држави и влади, 32 директорки на големи компании и 11 милијардерки.

Најмлада жена на листата е 41-годишната директорка на „Јаху“ Мариса Маер која се наоѓа на 55 место, а најстара е британската кралица Елизабета Втора, на 29 место.

Ангела Меркел која 6 години по ред е на прво место досега вкупно 11 пати била највлијателна жена според „Форбс“.

http://meta.mk/forbs-povtorno-ja-proglasi-merkel-za-najmokna-zhena/

Сподели: