Во Европа летово одмoра и најголемиот кошаркар во историјата Мајкл Џордан, поточно, во Италија.
Таму влегол во продавница за томпус и го оставил продавачот целосно без зборови. Веднаш по средбата тој го зеде телефонот и на социјалната мрежа „Твитер“ ја раскажа сцената.
„Здраво момци, јас се викам Лука и управувам со продавницата Casa Del Havano во Милано. Денеска во продавницата влезе висок човек и ме праша дали имам некакви пури. Го погледнав подобро и разбрав. Моите нозе се тресат. Денеска го послужив Мајкл Џордан!“
“Ciao ragazzi, mi chiamo Luca e gestisco Casa Del Habano a Milano. Oggi un signore alto è entrato in negozio e mi ha chiesto se avessi alcune tipologie di sigari. Lo guardo meglio. Capisco. Mi tremano le gambe… Oggi ho servito Michael Jordan”. pic.twitter.com/PKmjQROeF2
— La Giornata Tipo (@parallelecinico) July 18, 2022
Минатото лето Џордан беше виден во Хрватска каде пристигна со јахта долга 95 метри.
Овој јули тој се врати во овој дел од светот во потрага по добри пури, бидејќи е познат по тоа што е голем љубител на томпусот.
The post (ФОТО) Италијанецот се смрзна кога во неговата продавница влезе Џордан – Еве што барал од него! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico