ФОТО: Сликичка на Роналдо од пред 20 години е продадена на аукција – Нема да ви се верува на богатата сума!

Сподели

Само 22 налепници ги исполнуваа строгите критериуми на колекционерите, а оваа продадената беше реткост бидејќи за Португалецот беше прва сезона во сениорскиот фудбал.

Сликичката на фудбалерот Кристијано Роналдо во дресот на Спортинг од сезоната 2002/03 е продадена на аукција во Њу Џерси за неверојатни 80.000 долари или околу 70.000 евра.

Прашањето што се поставува е како оваа слика достигнала таква вредност. Имено, како што беше објаснето на аукцијата, во светот постојат само 200 сликички на Роналдо во дресот на Спортинг Лисабон. И тоа оние сликички кои не се залепени во албум.

Како што изјавија педантните колекционери, од тие 200, само 22 парчиња се во одлична состојба и можат да се појават на една од аукциите.

Таа сезона 2002/2003 година, Кристијано Роналдо ја одигра својата прва сезона како професионален фудбалер и поради таа причина сликата има посебна вредност.

Интересно е што таа сезона Кристијано Роналдо гостуваше во Белград, кога Спортинг одигра 3:3 против Партизан. На првиот меч во Португалија, црно-белите славеа со резултат 3:1 и така продолжија во тогашниот Куп на УЕФА.

– Ова е слика на еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња. Направена е во Италија за португалскиот пазар. По сите овие години останаа само неколку примероци, бидејќи луѓето најчесто ги фрлаат кога го пополнуваат албумот – објасни Џејми Солт, кој ја водеше аукцијата.

The post ФОТО: Сликичка на Роналдо од пред 20 години е продадена на аукција – Нема да ви се верува на богатата сума! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico