Долниот дом на францускиот Парламент, Националното собрание, синоќа го усвои предлог-законот за продолжување на вонредната состојба во Франција, што беше воведена по терористичките напади во Париз на 13 ноември 2015 година, пренесува МИА.
Со ова петто по ред продолжување, вонредната состојба во Франција ќе остане во сила до 15 јули 2017 година,
Законот, кој беше предложен од Владата на новиот премиер Бернар Казнев, во четвртокот беше усвоен и од горниот дом на Парламентот, Сенатот.
Вонредната состојба беше воведена веднаш по нападите во Париз. Првично беше предвидено таа да трае само три месеци, но потоа е продолжувана поради „висок степен на опасност од терористички напади“.