Франција: Во подготовка на терористички напад уапсени две лица

Сподели

Две лица се уапсени поради подготовка на терористички напад во Париз и Лион, јавува Anadolu Agency (AA).

Aгенцијата за разузнавање ги следела осомничените лица, меѓу кои и една жена, коишто преку социјалните мрежи ширеле терористичка пропаганда и имале конакт со водечките лица на терористичката организација ДЕАШ.

Телевизијата BFM наведува дека 1.186 лица од Франција, од кои 500 се малолетници, војувале во редовите на ДЕАШ во Ирак и Сирија.

Од 2014 година во Франција се вратиле 302 лица, меѓу кои 68 жени и 58 малолетници.

Вонредната состојба во Франција, воведена по терористичките напади на 13 ноември 2015 година, во кои смртно страдаа 130 лица е укината на 1 ноември оваа година.