ФРОДЕМ: АКО ГРУЕВСКИ ЛАЖЕ 24/7, ТОГАШ ФРОДЕМ ЈА КАЖУВА ВИСТИНАТА 24/24

Сподели

frodem-860x678

Во пресрет на нашиот најголемиот празник Илинден повторно лаги и манипуалции од страна на лидерот во заминување Груевски и корумпираните и контролирани медиуми. Без нималку чувство на објективност деновиве истите говорат за ,,топење” на невработеноста во Источна Македонија благодарание на владините институции и странските компании кои отвориле свои капацитети во нашата држава. Во оваа манипулативна кампања како параметар за намалената невработесност се зема број на неврабтени лица во далечната 2006 година. Посебно како ,,голем” успех се посочуваат општините Пробиштип, Кочани, Виница и Штип каде се говори за 50% па дури и поголемо намалување на невработеноста. Дрзок, безобразен и срамен чин на манипулација на граѓаните.

Оваа влада смета дека нејзин најголем успех е отварањето на капацитети на странски компании со учество на средства од македонските граѓани. Наместо овие средства да се подарат на се погладната уста и стомак на се посиромашните граѓани тие на криминален начин се подаруваат на странски комании. Благодарение на оваа влада и овие ,,силни” странски инвестиции  денес македонскиот работник е третиран како современ роб со плата во просек од околу 10.000 -12.000 денари. Со овој чин на манипулација Грувески, Владата и нивните медиуми директно признаа дека најголем нивен успех е што успеаа да ги избркаат младите и останатото работоспособно население од сопствената држава, да ги раздвојат децата од сопствените мајки, татковци и браќа.

Како потврда дека се работи за безочна лага и грозоморна манипулација потврдуваат и податоците во публикацијата Миграции – 2015 на Заводот за Статистина на РМ од месец јуни 2016 година. Се работи за статистичкиот преглед бр. 2.4.16.07 (853) каде се презентирани основни статистички податоци за отселени и доселени лица во Република Македонија во 2015 година, како и споредбени показатели за периодот 2011- 2015 година.  Во оваа публикација јасно може да се види дека вкупниот број на отселени лица (отселени од друга општина, отселени од друго место во иста општина и отселени граѓани во други држави) од Македонија само во 2015 година изнесува 8.817 лица од кои од Пробиштип – 96, Виница – 119,  Кочани – 184, Штип – 204 лица. Ова се податоци само за 2015 година. Доколку се навратиме наназад во 2006 година која за параметар ја користат манупулаторите, Груевски и контролираните и корумпирани медиуми, тогаш ситуацијата е уште позагрижувачка и пострашна.

Белата чума која ја донесoa претходните влади, а сегашнава ја дотера до ниво на пандемија е главниот виовник за успехот со манипулативното ,,топење” на невработеноста. Статистичките податоци недвосмислено покажуваат  дека не е стопена невработоеноста во нашата држава, туку дека ,,стопен” е граѓанинот на Република Македонија. Благодарение на овие манипулатори кои секојдневно ни нудат ,,виртуелна рајска убавина” стопена е иднината на нашите деца.

ФРОДЕМ