Преку медиумите и соопштението на владеачката партија дознавме дека нивниот претседател во придружба на неколкумина амали на неговиот срам, оствариле работна средба со повеќе конгресмени, сенатори и луѓе од јавниот и политичкиот живот на САД.
Со оглед на тоа дека се работи за средби со политичари од третиот па и подолу по ранг ешалон, станува се` појасно дека средбите во САД неможат да обезбедуват подобри позиции за Македонија и да ја зајакнат нашата релација со САД и истите се наменети за понатамошно заблудување и фрлање прав во очи на домашна јавност, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.
ФРОДЕМ бара партиската врхушка и тајфата амали на туѓиот срам под итно да дадат отчет на граѓаните на Република Македонија за потрошените пари за овие скапи екскуризии наменети првенствено за спас на нивната веќе предвидлива иднина.
Исто така ФРОДЕМ потсетува дека јавноста остана куса за одговор за досега потрошените околу 1,7 милиони долари од страна на оваа врхушка за ангажирање на американски компании за политичко лобирање и пропагандна поддршка во САД.
Законот за финансирање на политичките партии налага јавно и транспарентно финансирање на политичките партии и затоа приходите и расходите на политичката партија се јавни.
Согласно член 5 од Законот за финансирање на политичките партии секој граѓанин на нашата држава има право на еднаков пристап во увидот на финансирањето на политичката партија
Изворите на финансирање на политичките партии подлежат на контрола од надлежните органи за финансиско-материјално работење. Глувонемиот статист на позицијата јавен обвинител Марко Зврлевски и мипоичната Државна комисија за спречување на корупцијата сеуште не препознале основа за испитување и утврдување на потеклото на овие пари.
ФРОДЕМ го повикува и Емил Димитриев техничкот премиер за спроведување на изборите и потписник на договорите за лобирање да го објасни потеклото на парите со кои неговиот претпоставен лобира во САД, додаваат во соопштението.