ФРОДЕМ: ГРУЕВСКИ И СПАСОТ НА СОПСТВЕНАТА КОЖА

Сподели

frodem-860x678

-“Не поминаа ниту 12 часа од постигнувањето на договор за избори, Груевски го покажа своето вистннско лице и неговото сваќање за „фер и демократски” избори.”

По којзнае кој пат го прекрши договореното. По денешното експресна одлука за избор на нов министер за внатрешни работи и разрешувањето на директорите за јавна безбедност и безбедност и контраразузнавање и назначување на партиски послушници на нивно место дополнително го партизираа ова министерство. На повидок е дуализам во управувањето со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Паднаа во вода заложбите за имплементација на итните реформски приоритети и Препорактие од Извештајот на Прибе договорени со последниов Анкес на Договорот од Пржино.

Со овој Груевски и фамилијата повторно удрија шамар на сопствените граѓани, но и на меѓународата заедница која е гарант на договореното. Стравот го стори своето. Најбитен е спасот на сопствената кожа. Се останато е споредна работа, велат од ФРОДЕМ.