Соопштение на ФРОДЕМ:
ФРОДЕМ ги смета за невистини и за неревантни изјавите и телевизиските монолози на Груевски. Добро за земјата и демократијата ќе беше во изминатите 10 години да имаше барем еден дуел, соочување со опонентите за да се разбере вистинската ,,вредност” на неговите манипулации. Груевски ги изгуби изборите. Побара 63 пратеници, а едвај доби 51. А и од овие 51 еден дел се спорни. Противуставно му беше доделен мандат да состави влада. Не состави влада, мандатот го врати. Бевме сведоци дека до последниот ден се залажуваше притоа вршејќи притисоци и закани. Факт е дека повеќе никој не сака со него да има работа. Доколку од страна на ВМРО ДПМНЕ беше предложен друг мандатар можеби ситуацијата ќе беше поинаква.
ФРОДЕМ ја повикува македонската опозиција веднаш да состави влада. Над 650.000 граѓани гласаа за промени и нивниот избор треба да се валоризира во идна принципиелена извршна власт која ке ги заштити државните и националите итереси. Истовремено, ја повикуваме и и препорачуваме на опозицијата да остави отворена покана за да кон новата влада во блиска иднина се приклучи и ВМРО ДПМНЕ, но без осомничената и обвинета партиска врхушка. Односно тоа да се случи веднаш после промената на сегашното криминализирано раководсто и по симнувањео на имунитетот на оние пратеници кои се осомничени или обвинети за сторени кривични дела. Ваквата заедничка власт во перспектива е добра за единството и стабилноста за земјата.
ФРОДЕМ цени дека барањето на Груевски за нови избори е крајно нерационално. Не треба да има избори само затоа што тој потфрлил. А и да има нови избори Груевски уште повеќе ќе изгуби, тоа јасно го покажуваат анкетите, а тој сите наоколу ќе ги замајува дека ќе биде поинаку. Тоа ќе биде залудно изгубено време, планирано за одолговлечување за негов личен спас. Од друга страна, граѓаните имаат уставно загарантирано право на локални избори за да се изјаснат за своите непосредни локални проблеми. Мешањето на локалните избори со нови паралментарни целосно ќе го замати и оспори ваквото нивно право. Ова дотолку повеќе што Груевски ќе сака со лажна националистичка демагогија повторно да бара 63 пратеника и тоа да биде единствената тема.
Сталинистичката хистерија на креирање надворешни (и домашни) непријатели сериозно ги загрозува позициите на земјата. Македонија има склучено стратешки договор со САД и договори за пристапување во членство во ЕУ, од кои произлегуваат права, но и обврски.
ФРОДЕМ укажува дека сите сценарија кои можат да водат кон дестабилизација ќе бидат кобни за тие што ќе се обидат да ги покренат.