“Откако е наметнат на позиција претседател на ДПСМНЕ од страна на бегалецот од Будимпешта, Христијан Мицковскик постојано манипулира и се обидува бесрамно да ги замајува членовите и симпатизерите на партијата, но и целата домашна и меѓународна јавност.
Уште пострашно е што три Мицковци се наоѓаат во еден. Имаме еден Мицковски кој има едни ставови пред меѓународната заедница, друг Мицковски кој глуми ,,голем патриот” пред членството на партијата и трет Мицковски кој кога се појавува пред пошироката македонска јавност говори нешто трето и неодредено. Затоа секојдневно граѓаните, но пред се членството и симпатизерите на партијата која е доведена до непрепознатливост, си го поставуваат прашањето кој е вистинскиот Мицковски?. Оној кој верно му служи на бегалецот од Будимпешта и на неговиот братучед, оној кој глуми загрижен патриот пред сопственото членство или оној кој наспроти личното и национално достоинство се додворува на меѓународната заедница. Ако добро се анализираат сите овие појавни облици на дотичниот, од прва станува јасно дека ниту еден од нив не е Мицко вмровецот. Сите три во едно, ниту биле, ниту можат да бидат вмровци.
За да биде трагикомедијата уште поголема, вчера во Загреб на средбата со Бојко Борисов, го видовме и четвртиот Мицковски кој благодарение на своето дошколување во Италија и Германија добил европски гени. Ништо подолу од него не се ниту оние полу американци и тазе ,,европејци” од неговото најблиско опкружување кои поради тоа што се гладни и жедни за власт, но и делумно поради бракот со американки го заборавија и го маргинализираа националното достоинство.
Иако е доцна ФРОДЕМ смета дека е крајно време да се стави крај на ваквите мултиплицирани ликови во политиката кои ја носат партијата во трет последователен пораз на изборите. А да се изгуби од Зоран Заев по трет пат е повеќе од понижување и деградација. Крајно време е граѓаните да дознаат ,,кој е кој” и ,,кој е за што” на македонската политичка сцена. Крајно време е да се стави крај на политичката манипулација за дневни и лични потреби. Македонија и ВМРО заслужуваат лидер со јасни и достоинствени ставови како по однос на промената на името, така и по однос на Преспанскиот договор и договорот со Бугарија.
Со нетрпение ги очекуваме конечните и недвосмислени ставови по овие прашања на било кој од мултипицираните ликови на наметнатиот лидер Мицковски. Се разбира доколку е можно” – стои во денешното соопштение на ФРОДЕМ – ФРОНТ ЗА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА.