ФРОДЕМ: Сега е вистинско време да се прекине децениската узурпација

Сподели

frodem-860x678

По се поизвесното заминување на Никола Груевски од политичката сцена и лидерската позиција на ДПМНЕ, а во очекување на внатрепартиската борба за нов лидер изрзуваме сериозна загрженост за иднината на партијата. Најавите дека ќе се води внатерпартиска борба помеѓу тодоровци, милошовци, поповци, ѓорчевци и други искомрпомитирани личности оди само во прилог на дополнително разнебитување на партијата и јакнење на позицијата на СДСМ, тврдат од ФРОДЕМ.

„Како луѓе кои учествувале во создававањето, растежот и опстојот на партијата сметаме дека овие личности се само дополнителен баласт за партијата, државата и нашата иднина. Сите тие бессрамно учествуваа со градењето и промоцијата на лажниот морал и патриотизам, во манипулацијата и осиромашувањето на граѓанството и молчешкум заради сопствени лични интереси измеќаруваа на вождот и неговата фамилија. Токму поради овие непобитни факти овие личности немаат ниту минимален морален кредибилитет, дигнитет и интегритет да посакуваат да дојдат на чело на партијата. Ивната вина е иста како и вината на нивниот вожд.

Вистинското и чесно членство не смее да дозволи на чело на партијата повторно да дојдат личности кои во својата кариера се истакнале и промовирале како носачи (амали) на туѓиот срам, но и како соучесници или поддржувачи на нелегалните и квази патриотски активности и дејствија. Со кажувањето ,,НЕ” на вакви и слични аспиранти за лидерската позиција на партијата, ќе се прекине директна врска помеѓу криминалот, корупцијата и сиромаштијата на граѓаните и на голема врата се враќа духот и вербата во конезервативизмот како зацртана идеологија. Поддржувањето, учеството и заштитата на криминалот и корупцијата се закана за демократијата и за слободата на секој граѓанин, а уште повеќе за слободата на мислата и изразување на сопственото членство.

Сега е вистинско време да се прекине децениската узурпација и агонија на партијата од страна на вождот и фамилијата потпомогната од вакви и слични клиентелисти. Ова е право време и шанса конечно партијата да се најде во рацете на сопственото членство“, велат од ФРОДЕМ.