Функционерите од ДОМ ќе ја донираат разликата во платата во Солидарниот фонд

Сподели

 

Функционерите од зелената партија ДОМ, ќе ја донираат разликата од платата над минималната во Солидарниот фонд за борба против коронавирусот. Од платата за месеците април и мај, сите избрани и именувани функционери од ДОМ, ќе задржат 14.500 денари, а остатокот ќе го донираат.

Во овој период на корона криза, повеќе од било кога порано, потребна ни е солидарност. Сплотени заедно со хуманост, солидарност и одговорност ќе успееме да се справиме со  здравствените и социо-економските закани предизвикани од корона пандемијата – се наведува во соопштението на ДОМ.