ФЗОМ: Лековите ќе се подигаат со рецепт и лична карта

Сподели

 

Осигурените лица од 1.октомври ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош) – соопштуваат од ФЗОМ.

До тој период, на сила се постоечките позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на +осигуреното лице (лична карта или пасош) при користење на здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година.

Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица.