Г.Стејт се спаси од елиминација, славеше на 5-тиот дуел со Оклахома и намали на 3-2

Сподели

Кошаркарите на шампионите Голден Стејт го добија 5-тиот натпревар од финалето на западната конференција против Оклахома со 120-111 и намалија на 3-2 во победи.

голден стејт-оклахома

Голден Стејт избегна елиминација во петтиот меч од финалната серија, но доколку сака да остане во игра за пласман во големото финале, неговите кошаркари ќе мора да победат и во шестиот натпревар кој за два дена ќе се одигра во Оклахома.

Стеф Кари и Клеј Томпсон заедно постигнаа 58 поени, а поддршка добија од високите играчи: Еднрју Богут 15 поени, 14 скокови, Марис Спеитс 14 поени и Дрејмонд Грин 11 поени, 13 скокови.

Кари даде 31 поен, 7 скокови и 6 асистенции, додека Томпсон постигна 27 поени.

Оклахома ја предводеше Кевин Дурент со 41 поен и 7 скокови, а Расел Вестбрук имаше 31 поен, 7 скокови и 8 асистенции.

Шестиот меч од финалната серија на Западот се игра утревечер во Оклахома, а евентуалниот седми натпревар е два дена подоцна во Оукленд.

голден стејт-оклахома1

Вечерва се игра 6-тиот натпревар од финалето на истокот каде тимот на Кливленд ја има првата меч топка против Торонто за влез во големото финале.

Репторси се домаќини, но губат со 3-2 во победи.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=WwKY1tLLo1w]

The post Г.Стејт се спаси од елиминација, славеше на 5-тиот дуел со Оклахома и намали на 3-2 appeared first on Спорти.


Source: Sporty