Галерија на најдобри фотографии на “Ворлд прес фото 2018”

Сподели

Добитник на наградата “Ворлд прес фото”- 2018 , за најдобра фотографија ја освои Роналдо Шемит, со наслов” Венецуелска криза”.

Авторот на фотографијата на која е прикажан демонстрант обвиткан во пламен за време на протестите во Венецуела, освои 10.000 евра. Шемит, кој е роден во Венецуела, работи за Франс прес и живее во Мексико.

На фотографијата е прикажан 28-годишниот Хозе Виктор Саласар Балса за време на протестите против венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас во мај 2017 година.

Тој е фотографиран по експлозија на резервоар на мотор. Балса досега се опорави од изгорениците од прв и втор степен.

„Фотографијата фасцинира со енергијата и динамиката и е симбол на запалената Венецуела“, стои во образоложението на жирито.

Наградени се уште 42 фотографи во осум категории. На конкурсот учествуваа над 4.500 автори, со повеќе од 73 000 фотографии. Повеќето од нив ги отсликуваат ужасните сцени од тековните војни низ светот, но и уништувањето на животната средина и дивина.