Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу донираше посебни скали за интервенција на Здружението на доброволни пожарникари „Бајрам Мифтари“, како што се гаснење пожар и други природни непогоди.
Овие скали се долги 24 метри и имаат посебен мотор. Покрај скалите, на пожарникарите им беа доделени 40 парчиња специјална облека и друга опрема за пожарникарите.
„Слободно можеме да кажеме дека ЗДП „Бајрам Мифтари“, што функционира во рамките на Општина Чаир е опремена за гаснење пожари или во случај на природни катастрофи“, рече Ганиу.
Скалите веднаш ги демонстрираше екипата на „Бајрам Мифтари“.
„Скалите што ги демонстрираме се многу добредојдени бидејќи се од единствениот модел во цела Северна Македонија, достигнуваат должина од 24 метри и се моторизирани“, рече претседателот на ЗДП „Бајрам Мифтари“, Артан Демири.
Скалите и беа донирани претходно на Општина Чаир и нејзиниот градоначалник Висар Ганиу од приватната компанија „АР-ДЕ“.