Во рамките на акцијата која Општина Чаир ја покрена за отстранување на терасите поставени без дозвола во Старата Скопска Чаршија, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу јавно им се заблагодари на сите бизнисмени кои го испочитуваа законот и сами ги отстранија терасите за кои не поседуваа дозвола. Спрема нив нема да биде изречени предвидените законски казни.
Иницираната акција од страна на Општина Чаир ќе продолжи да се реализира и Градоначалникот Ганиу им гарантира на граѓаните дека никој нема да биде поштеден и над законот.
Рокот за реакција од страна на самите сопственици е 5 (пет) работни дена. По овој рок, инспекторите и полициските службеници ќе ги отстранат незаконски поставените тераси и за истите ќе бидат изречени соодветните казни.