Гаши: Честит Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Сподели

Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, упатувам искрени честитки до сите граѓани по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Овој празник нè потсетува на големината на мисијата на сесловенските просветителски браќа, кои преку создавањето на глаголицата и ширењето на писменоста, оставија длабока трага во историјата на словенските народи.

Како Собрание, остануваме посветени на унапредувањето на образованието, културата и јазичната разноликост, како суштински вредности на едно демократско и напредно општество.

На сите ви посакувам празник исполнет со почит кон словенското просветителско наследство и инспирација за нови знаења и духовен напредок, честита претседателот на Собранието Африм Гаши.