По краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши е добра и стабилна, информираат од Кабинетот на претседателот Гаши.
“Денес, г. Гаши е отпуштен од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки.
Кабинетот на претседателот на Собранието изразува посебна благодарност до директорот на Клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, тимот лекари и целиот здравствен персонал за професионализмот, грижата и посветеноста покажани за време на лекувањето.
Исто така, благодарност и до сите граѓани, претставници на институциите, медиумите и јавноста за нивниот континуиран интерес и поддршка.”
