Претседателот на Граѓанско-демократската унија, Петар Колев, денеска излезе со реакција за претседателските привилегии кои им ги дава државата Македонија, на поранешните шефови на држави.
“Во ниту една земја во регионот нема доживотни привилегии за поранешните шефови на држави. Ова е проблем кој се провлекува со години, но очигледно дека ниту кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај СДСМ постоеше желба да се реши. Во Собранието имаше една ваква иницијатива, но и двете партии не дадоа поддршка. Гледаме дека и овој пат молчат. Привилегиите мора да се скратат, а дел од парите кои се даваат за експретседателите предлагаме да се пренаменат за операции во странство” изјави Петар Колев, претседател на ГДУ.