Кога улицата спие
една геометриска мачка
внимава на сообраќајот во сонот
она што ни е заедничко е светлината од минатото
што до нас доаѓа како сегашност
а сепак токму сега таа чекори
на шепите од иднината
геометријата на ноќта
нè допира како здив на стаклото
а несоницата ги запишува врз нив
сите соништа што сè уште не се случиле
кога улицата спие една црна мачка
поминува како џиновска сенка
низ графитот
на кој пишува дека само будните
не сонуваат како афтомати.
Борче Панов