Герасимовски: 62 решенија од по 7.000 денари за семејствата со новороденче во Центар

Сподели

 

62 решенија за новороденчиња на барателите за остварување на правото за користење на парична помош за новороденче додели денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Оваа парична помош во висина од 7.000 денари, Општина Центар ја доделува редовно, во рамки на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар и имаат принова во семејството.

Покрај решенијата Герасимовски на семејствата им подели и пригодни подароци од компаниите Европа Лек Фарма Дооел Скопје, Би-Мек Доо, Веледа, Хипп и бесплатни педијатриски услуги од Клиника Жан Митрев.

 

 

„Дечињата се најголемата радост во секое семејство. Приновата значи нова среќа и уште поголем мотив да работиме и остваруваме повеќе за нивна подобра иднина. Нашата задача е да направиме поубаво и подобро општество за сите нови генерации во општината, а мојата заложба како градоначалник е да инвестираме во детската заштита и создавање подобри услови за нега, образование и воспитание. Мило ми е што денеска запознав дел од нашите најмлади сограѓани, им посакувам добро здравје и среќно и безгрижно детство“, рече Герасимовски.

За добивање на парична помош за новороденче, според Правилникот, потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барачот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е до 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Општина Центар и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите кои претставуваат најголема радост за секое семејство. Согласно Правилникот за добивање на парична помош за новороденче, рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.