Герасимовски: Интермецо и Мош наместо како барови, работат како дискотеки

Сподели

 

„Наместо како барови кафулињата „Интермецо“ и „Мош“ работат како дискотеки во густо населени места и тоа е голем проблем со кој се соочуваме во Општина Центар“, рече Герасимовски во Студио 10 на Телевизија 24. Прашан за поплаките од граѓаните со гласна музика Герасимовски напомена дека во Општина Центар стигнуваат многу поплаки од жителите на Капиштец за истите локали за кои неколкупати досега општината изрекла казнени решенија.

„Ние како општина правиме мерење на бучава и изминатиот период истите барови беа казнети со високи казни од 800 000 денари и во наредниот период ќе продолжиме со акциите. Проблемот е малку поголем поради тоа што истите не работат како барови туку како дискотеки во густо населени населби и со самата гужва и фреквенција на автомобили не само гласна музика прави проблеми со паркирање, со хигиена итн. Најголем проблем особено во Капиштец е токму гласната музика и токму овие неколку барови коишто се на тој потег и за истите во наредниот период ќе направиме напор да преку поголем број на акции ги решиме сите овие проблеми со кои се соочуваат граѓаните“, изјави Герасимовски на Телевизија 24.

Инспекторите на Општина Центар минатата недела во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат направија контроли во кафулињата „Интермецо“ и Мош“.

Поради непочитување на работното време во ноќните часови пазарната инспекција изготви записници за затворање и забрана за работа од 10 дена.