Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во прилогот на Македонската информативна агенција посветен на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември потенцираше дека општината води голема грижа за лицата со попречености.
„Ние како општина водиме голема грижа за лицата со попреченост. Позади нас е новото реконструирано и новите реконструирани училни од училиштето „Коле Неделковски“. Може да забележите дека на секоја реконструкција водиме грижа за сите, односно поставени се пристапни рампи, дополнително во новите простории имаме и лифт за лица со попреченост, посебни тоалети итн. Не само во ова училиште, туку и во сите училишта на територија на Општина Центар поставуваме пристапни рампи за лицата со попреченост и ги подобруваме нивните услови и потреби“, рече Герасимовски.