Герасимовски: Започнува третото издание на „Маалски фестивал“

Сподели

Со изложби, креативни работилници, концерти, базари, саеми и други културни настани стартува третото издание на „Маалски фестивал“. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вели дека со фестивалот општината гради традиција на различни културни вредности.  

„Маалски фестивал е уникатен сам по себе затоа што нуди навистина различни аспекти од културното изразување на уметниците и Здруженијата кои имаат учество во фестивалот. Станува збор за тридневен фестивал кој е во организација на Културниот Центар Јадро. Истиот започнува во петок има навистина богата програма за сечиј вкус и за секоја возраст. Овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ги анимира и инспирира граѓаните, односно уметниците и публиката кои заеднички ќе учествуваат во создавање на една неповторлива и автентична маалска приказна“, вели Герасимовски.  

Герасимовски најавува дека Фестивалската програма започнува во петок на 27 септември со Креативна работилница за изработка на све и свашта за у Маало која започнува во 10 часот, а потоа и работилница за изработка на урбана опрема под водство на Никола Писарев. Маалскиот фестивал вклучува танц, музика, книжевност, прошетки по маало, филмски промоции, театарски претстави и уличен базар. Овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ја анимира и инспирира локалната заедница