Германскиот овчар кој нападна деца во скопската општина Аеродром откако го помина хуманиот третман во Лајка, денес беше вдомен од страна на директорот Филип Андов на КПУ Затвор Шутка – Скопје, за службените потреби на оваа институција.
Кучето Кара го помина комплетно целиот хуман третман во нашето прифатилиште откако претходно согласно записникот од извршен инспекциски надзор од Агенцијата за храна и ветеринарство и изввршена контрола во ЈП Лајка за заловеното куче по пријава за напад на деца, на ден 03.01.2021 (без микрочип на јавна површина), беше одреден карантин и изолација за набљудување во период од 08, 15 и 22.01.2021 година. За истото беше извршен клинички преглед од страна на ДВМ вработен во ЈП Лајка и беше издаден сертификат за беснило со кој НЕ СЕ УТВРДЕНИ ЗНАЦИ НА БЕСНИЛО НИТУ ДРУГИ ПРОМЕНИ.
По објавата за нејзиното вдомување, претстваници од КПУ Затвор Шутка – Скопје поднесоа апликација за вдомување и закажаа термин за нејзина посета во прифатилиштето на ЈП Лајка.
Земајќи ги во предвид природата и карактерот на расата германски овчар, која има одличен инстинкт, заштитнички карактер и светски рамки се обучува и тренира како службено куче за потреби на полицијата за обезбедување на објектите, истото е незаменливо помошно средство во бројни истраги, Кара од денес е официјално вдомена во рамките на оваа институција и ќе работи во служба на државата и граѓаните.