Германскиот суд ја потврди пресудата на „сметководителот од Аушвиц”

Сподели

ausfic

БЕРЛИН (АА) – Германскиот федерален суд ја потврди пресудата на 95-годишниот поранешен офицер во нацистичките СС единици Оскар Гренинг, за соучество во убиството на злогласниот нацистички логор Аушвиц, потврди неговиот адвокат, пренесува Anadolu Agency (AA).

Гренинг, во јавноста познат како „сметководител на Аушвиц”, Судот во Луенебург, во јули 2015 година го осуди на четири години затвор.

Оскар Гренинг е обвинет за депортација на околу 425.000 луѓе во логорот од окупирана Полска во периодот помеѓу мај и јули 1944 година. На поранешниот офицер на озлогласените СС единици на Хитлер му се суди за соучество во истребувањето на 300.000 унгарски Евреи во гасните комори.

Тој на судењето изјави дека бил задолжен за собирање на лични предмети на затворениците и дека бил одговорен да обезбеди вредностите и парите да се одвојуваат и да се испраќаат во Берлин.

Гренинг ја обжали одлуката од минатата година, но неговиот адвокат за новинската агенција ДПА изјави дека Федералниот суд на правдата ја потврдил пресудата.

Одлуката на повисокиот суд да ја отфрли жалбата на Гренинг претставува важен преседан за напорите на обвинителите да гонат на други лица за кои се верува дека служеле во нацистичките логори.

На првото судење, судијата Франц Компишх рече дека Гренинг бол дел од „машинеријата на смртта”, дека помагал концентрациониот логор да работи и дека ги собрал парите од жртвите со цел да помогне во реализација на нацистичките идеи.