„Гласно против гласини“- кампања против родови стереотипи и предрасуди за жените

Сподели

 

Денеска започнува националната кампања „Гласно против гласини”, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Кампањата ќе се одржува со цел да се подигне свеста за штетното влијание од ширење „гласини“ кои доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените во нашето општество.

Во кампањата ќе учествуваат жени и девојки чии инспиративни приказни ќе бидат дел од активностите што ќе се одвиваат на социјалните медиуми, како и на настани и дебати од  јавен карактер, со цел да се допре до засегнатите страни и едукативно да се влијае врз директните учесници во ваквата општествена појава.