На петтата седница на Главниот координативен кризен штаб усвоени се повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести.
Укинување на обврската за носење маски за време на физичката настава во средните училишта, укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа, укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица, се усвоените заклучоци кои Комисијата за заразни болести ги достави до Главниот координативен кризен штаб.
Заклучоците ќе бидат доставени до Владата, која за нив ќе одлучува на следната владина седница.