„ГЛЕДАЈ ТЕАТАР ОД ТЕРАСА“ е слоганот на културно-уметничкиот настан во организација на Општина Центар и КСП Центар – Јадро.
На плочникот „Агромеханика“, група актери ќе ја одиграат театарската престава „Нови мерки, старо другарство“. Претставата е наменета за деца и млади на возраст од 5 до 16 години. Актери во претставата се: Дениз Абдула, Нина Елзесер, Елдин Широки и Ема Давчева.
Сиже
Денис, Ема, Нина и Елдин се четворица другари кои се соочуваат со новите правила на друштвените игри. Вонредната состојба донесе и вонредни правила во игрите на улица. Дали новите правила ќе направат промени во нивното друштво или се’ ќе остане по старо? Дали ќе можат да ги променат старите навики за да се прилагодат на новото време? Прилагодувањата се тешки, но овие четворица другари мора да најдат начин да си играат по новите правила…
Настанот ќе се одржи на плочникот „Агромеханика“, 18 ЈУНИ (четврток) со почеток во 20:00 часот.
Целта на настанот е да направиме културна сцена и да уживаме во театарската уметност од терасите на нашите домови.
Ве чекаме во маало!