Глигоров: Има организиран грабеж на општествениот имот

Сподели

Screenshot_12

Државата успеа да ја намали корупцијата на пониските ешалони и ние мислевме дека тоа е добро, дека навистина се занимава со борба против корупцијата, меѓутоа од друга страна гледаме дека постои некој вид на организиран грабеж на општествениот имот на највисоко ниво, вели стопанственикот Венко Глигоров во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Видете, корупција има секаде. Да не се лажеме дека во други земји нема и дека може да се искорени до крај, меѓутоа имате корупција и имате криминален начин на водење на држава. Имате корупција на разни нивоа, имате корупција и на највисоко ниво, а не само на подолните. Кај нас, со тек на годините, некако државата успеа да ја намали корупцијата на пониските ешалони и ние мислевме дека тоа е добро, дека навистина се занимава со борба против корупцијата, меѓутоа од друга страна гледаме дека постои некој вид на организиран грабеж на општествениот имот на највисоко ниво. Борбата против корупцијата треба да се постави на сите нивоа. Во нашиот случај, како што слушнавме од „бомбите“, најопасна е корупцијата или организираниот грабеж кога се осмислуваат проекти, не за да се направи нешто, туку тие проекти се осмислуваат со однапред познати фирми и распределени пари само колку да се одлеат пари од државната каса и да одат во приватни џебови. Таа е најлошиот вид корупција, и како што слушнавме од „бомбите“, се работи за огромни износи на испумпување од економијата, што е штетно за сите нас. Штетно е да кажам и за роднините и пријателите што ќе живеат тука на тие луѓе што се занимаваат со таков вид на корупција. Кај нас во последните години гледаме дека постои појава на имагинарни бизнисмени. Има сомневања дека истите тие политичари отвораат сметки во странство и потоа сами со себе си се договараат. Така што, тие што се реални бизниси воопшто не ни стигнуваат до можноста за корупција. Затоа е добро да има смена на власта, зашто кога една власт премногу долго владее, таа се етаблира, се канализираат парите и сето тоа оди по партиска директива без можности за средства за подобрување на услугите кон граѓаните – вели Глигоров.

slobodnaevropa.mk