Го вратија од соблекувалната, а легендата на Јунајтед удри по клубот!

Сподели

Манчестер Јунајтед беше поразен во англиската Премиер лига нагости против Лестер со (4:2), прикажувајќи уште еден многу лош настап.

Дека атмосферата не е добра покажува однесувањето на Португалецот Кристијано Роналдо, кој тренерот Оле Гунар Солскијер го врати на теренот  за да ги поздрави навивачите, како и зборовите на поранешниот фудбалер Гери Невил, кој не штедеше критики за играта на тимот на Олд Трафорд.

„Тие не се ни блиску до борба за титулата, играат лошо сите сезони, штом се сретнат со посилен тим, сите проблеми се гледаат“, вели Невил.

Поранешниот капитен додава дека Солскјер греши кога започнува со премногу креативни играчи бидејќи одбраната е лесен плен.

„Гринвуд, Санчо, Роналдо, Погба, Фернандеш, не би сакал да бидам дефанзивен играч во тој тим“, истакна Невил.

Тој смета дека притисокот врз Солскјер ќе се зголеми бидејќи ќе има потешки натпревари, распоредот е многу тежок и завршува со градското дерби пред следната пауза.

The post Го вратија од соблекувалната, а легендата на Јунајтед удри по клубот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico