Годишно обраќање на Иванов во Собранието

Сподели

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во 12 часот, ќе одржи годишно обраќање во Собранието на Република Македонија.

Ова ќе биде последно годишно обраќање на Иванов како претседател на државата. Во март на Иванов му истекува вториот мандат и според Уставот тој веќе нема право да се кандидира за следните претседателски избори.

Иванов 10 години е претседател на државата. Тој прв пат стапи на функцијата откако победи на претседателските избори во 2009, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а за втор мандат беше избран во 2014 година.