Ѓоковиќ: Ќе ги жртвувам трофеите ако ме тераат да се вакцинирам

Сподели

 

Новак Ѓоковиќ порадо би се откажал од шансите за победи на големи тениски турнири, отколку да се вакцинира против коронавирус. Тениската ѕвезда даде интервју за Би-Би-Си.

На прашањето дали поради својот став околу вакцинирањето би го жртвувал учеството на грен слем турнири како Ролан Гарос или Вимблдон, 34-годишниот тенисер одговара: „Да, тоа е цената која сум подготвен да ја платам.“

“Принципите за носењето на одлука за моето тело се многу поважни од било кои титули или било што друго. Се обидувам да бидам во склад со моето тело колку што е тоа можно. Никогаш не сум бил против вакцинација. Разбирам дека глобално сите се обидуваат да вложат големи напори да се изборат со овој вирус и наскоро се надевам на што побрз крај на овој вирус”, порача Ѓоковиќ.